CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар
Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија
Потребни квалификации:
- Завршено средно образование не е задолжително
Одговорности:
- Истовар на стока при прием во магацин
- Редење и складирање на стока на палети
- Одржување на ред и организираност во магацински простор
- Учество во пописи на роба
Ние нудиме:
- Можност да сте дел од голема компанија со над 150 вработени
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
Работниот однос се склучува на одредено време со можност за продолжување
Апликација
Преку испраќање на ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци