
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »Наш клиент е СИНЕРГА, компанија за производство на заштитна облека и ХТЗ опрема во Македонија- Струга и Скопје, развиена во две насоки - производство на работна облека и комерцијален дел. Во име на својот клиент, Декра ја огласува следната позиција:
- МЕНАЏЕР ЗА ПРОДАЖБА НА ТЕРИТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
- Работа со постоечки, клучни клиенти и продажба на територијата на Македонија;
- Координација и менаџирање на продажниот тим на компанијата;
- Одговорен за постигнување на продажните планови;
- Стратешко планирање, предлагање, следење и анализирање на плановите и трошоците за продажба.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
- Пожелно минимум две години искуство на иста или слична позиција;
- Валидна возачка дозвола, Б категорија;
- Одлично познавање на MS Office пакетот;
- Одлично познавање на Англиски јазик.
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
- Одлични комуникациски и преговарачки способности;
- Лидерски и аналитички вештини;
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи;
- Флексибилност, проактивност и лојалност;
- Способност за индивидуална и тимска работа.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
СИНЕРГА со својата модерност, професионалност, долгогодишно искуство и висок технолошки развој, успева да постигне флексибилност и развој на иновации кои се се поблиску до потребите на своите клиенти за заштита на работното место.
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до 16/04/2017
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат повикани на интервју.
Слични огласи »