
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Северна Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на одделот Управување со објекти и логистика потребен/а е:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ ОБЈЕКТИ (М/Ж)
Работни задачи:
- Подготовка на програма за одржување и спроведување на тековно/планирано и непланирано одржување на објектите и инсталациите
- Издавање работни налози и проверка на извршени работи на техничарите за одржување на објектите како и на надворешните фирми одговорни за одржување на објектите
- Тековно одржување на системи за греење и ладење, водоводни и одводни инсталации, електрични инсталации, машинска опрема и столарија
- Учествува во кординација при проекти за реновирање
- Планирање, набавка, одржување и попис на канцелариски мебел и опрема
- Евиденција и нарачка на материјали за одржување
- Подготовка на тендери и учество при проверка на понуди и доделување на тендер
- Подготовка на инвестициона програма и програма за одржување
- Работата ќе се извршува на објекти на ЕВН Македонија на цела територија на државата со постојано работно место во Скопје
Потребни квалификации
- VII степен високо образование (Електротехнички факултет, Машински факултет)
- Возачка дозвола Б категорија
- Познавање на странски јазик (англиски, германски)
- Работно искуство минимум 3 години во иста или слична област
- Компјутерски познавања Microsoft Office Software пакет
- Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност
Доколку сте заинтересирани за кариера во Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, најдоцна до 08.04.2019.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
.
Слични огласи »