
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Плакатер“.
На огласот можат да конкурираат кандидати кои сметаат дека ги поседуваат долунаведените лични карактеристики и потребни квалификации
- Минимум средно образование;
- Работно искуство во поставување на плакати и работа со електрика ќе се смета за предност;
- Способност за тимска работа;
- Самоиницијативност;
- Подготвеност на работа под притисок;
- Поседување на возачка дозвола Б категорија.
Опис на работно место:
- Редовно одржување на рекламните паноа/билборди (поправки и чистење на истите);
- Работа на терен (монтажа, демонтажа);
- Одговорен за редовно известување на претпоставеиот за завршените работни задачи, фотодокументацијата и навремено известување за забележаните неправилности на рекламните паноа/локациите;
- Исполнување на предвидените задачи во предвиден рок, правилно, уредно и прописно поставување на плакатите, а во согласност со агендите.
-
Нудиме:
- Одлична работна атмосфера;
- Бонус за секоја препорака на пријател за вработување
- Платено колективно осигурување од незгода
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата и К-15
- Работна униформа согласно временските прилики;
- Плата по договор;
Работниот однос се заснова на определено време за период од 1 месец, со можност за продолжување на 3, 6 или 12 месеци.
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим и кажете ни зошто вие сте идеалната личност за оваа работна позиција, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со наслов: “за работна позиција Плакатер”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »