
Плата 30.000 ден.
За компанијата:
ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.
повеќе за компанијата »Промотер/ка на Philips TV и аудио
TPVision (https://www.tpvision.com/) како сопственик на брендот Philips во сегментот на телевизори и аудио, со преставништво во Софија, Р. Бугарија за следните земји: Македонија, Албанија и Косово има потреба од промотер/ка или унапредувач на продажба. Работната позиција е наменета за Р. Македонија поточно Скопје, со можност за повремени патувања во земјата и странство.
Одговорности и задачи:
Презентација на карактеристики и продажба на Philips телевизори и аудио пред крајни купувачи. Промоциите и продажбите се одвиваат во дел од продажните објекти кои имаат договор за продажба на Philips TV (Нептун, Техномаркет или СЕТЕК).
Услови:
- Изразени комуникациски и презентациски вештини
- Способност за тимска работа
- Основно познавање на Microsoft Office
- Навремено извршување на зададените обврски
- Способност за повремени, периодични патувања во земјата и странство
- Креативност и самоиницијатива при работењето ке се сметаат за предност во пробниот период
Поволности:
Пријатна работна атмосфера, договор на неопределено со полно работно време после пробен период, навремена исплата на плата + надомест за годишен одмор, целосен одмор според законски нормативи, надоградба преку платени обуки во регионот, збогатено искуство во CV со работа во интернационална компанија.
Месечни нето примања: 30.000 ден. + бонуси
Апликациите со CV и слика испратете ги на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Oдбраните кандидати ке бидат контактирани. Селекцијата на кандидати ќе се одвива во неколку фази.
Краен рок за аплицирање: 01.04.2023
Слични огласи »