
За компанијата: Продажба на рекламни материјали на големо и печатење на истите. Увозник на реномирани брендови.
повеќе за компанијата »ПОПЕ КОМПАНИ ДОО СКОПЈЕ има потреба од следната работна позиција:
ДОСТАВУВАЧ НА РОБА - ВОЗАЧ
ПЛАТА: основна плата 16.800,00 ден + месечни бонуси
дополнителна исплата на 0,5% од минат труд, К-15
Доставата ја вршиме најчесто само во Скопје, само во прва смена
Вашeтo уредно CV со задолжителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете ја на [најави се за да го видиш е-маилот]
Возачот ги извршува сите работи поврзани со уредна испорака на роба. Тие работи се однесуваат на проверка и подготовка на роба согласно документацијата, креирање на рута - план за дневна испорака, организација на истата и утовар во возилото согласно планот за испорака, достава на робата до клиентите.
Одговорности на возач – доставувач на роба:
- Подготовка и обезбедување на возилото со соодветна потребна документација за извршување на испораките како и проверка на исправноста и безбедноста на возилото
- Безбедно возење и придржување кон Законите, правилата и прописите за безбедност и учество во сообраќајот
- Подготовка на робата за испорака, контрола на нејзината квантитативност во согласност со документацијата
- Креирање на рута - план за дневна испорака согласно потребите на клиентите како и временската расположливост за реализација на истиот
- Достава на робата до просториите на клиентите, контрола на истата за уредно предавање согласно документацијата и обезбедување на соодветни параграфи за уредно извршена испорака
- Телефонска комуникација со клиентите за нивно известување во случај на отстапки во однос на ветениот термин за испорака
- Одржување на комуникација и постојана информираност на претпоставениот заради информирање за настанати промени во испораката, промена на рутата или распоредот
- Информирање на претпоставениот за било какви опструкции кои може да ја загрозат безбедноста или ефикасноста нанавремените испораки
- Одговорно однесување кон возниот парк и уредна евиденција за негово редовно сервисирање, одржување и регистрација, постојана проверка со доволно гориво, масло и секогаш нивна подготвеност за возење
- Извештаи до претпоставените за извршените испораки
Квалификации и образование:
- Завршено средно образование
- Важечка возачка дозвола Б категорија, без казни и прекршоци
- Работно искуство како возач-доставувач или слична позиција
- Способност за оперирање со виљушкар, во различни временски и сообраќајни услови
- Основна компјутерска писменост
- Познавање на користење на навигациони системи
Потребни професионални способности:
- Одлични услужни способности, културно и претставително однесување кон клиентите
- Познавање на патната инфраструктура и способност за креирање на економски исплатлива и ефикасна брза рута
- Одлични организаторски способности и способност за менаџирање на времето
Потребни персонални способности:
- Добри меѓучовечки односи
- Култура на однесување, педантност, уредност, навременост
- Ефикасни комуникациски способности
- Трпеливост, љубезност и ентузијазам
- Тимска работа
- Способност за работа под притисок
Локација на седиште на работната позиција: ул. Горно Лисиче бр. 210
Теренско извршување на работата: ДА. Локал Скопје.
Работни саати неделно: 40 часа. Полно работно време
Работа во смени: не
Доколку ги поседувате бараните предиспозиции и Вашиот профил одговара на бараните карактеристики, Ви благодариме доколку аплицирате и пројавите интерес да бидете дел од нашиот тим.
Вашeтo уредно CV со задолжителна напомена за која работна позиција аплицирате доставете ја на [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »