
За компанијата: Нептун е бренд име на компанијата Нептун Македонија ДОО Скопје, основана во 1998 година, која во 1999 година станува дел од Нептун Интернешнал и Балфин Групација - Balkan Finance Investment Group.
Нептун...
повеќе за компанијата »НЕПТУН МАКЕДОНИЈА, најголемиот регионален малопродажен ланец за техничка стока, поради проширување и зајакнување на ИТ секторот, распишува оглас за вработување на:
ИТ АСИСТЕНТ Со место на вршење на работните задачи во Скопје
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- Високо образование од областа на ИТ и компјутерска техника ќе се смета за предност,
- Познавање и искуство со инсталирање и поддршка на Windows оперативни системи,
- Познавање од мрежно поврзување и рутирање: LAN, DHCP, DNS, Firewall, VPN,
- Искуство со хардвер (инсталација, дијагностика и решавање на проблеми),
- Познавање на VOIP технологија,
- Основно познавање на Windows server оперативни системи и Active Directory,
- Познавањето на технологиите за виртуелизација (VMware, Hiper-v) ќе се смета за предност,
- Добро познавање на англиски јазик,
- Возачка дозвола Б категорија.
Одговорности и работни задачи:
- Техничка поддршка и помош за персонални компјутери со Windows оперативен систем и Android мобилни уреди,
- Решавање на проблеми и поддршка преку тикетинг систем, меил и телефон,
- Мониторинг на сервери и мрежна активност,
- Решавање на мрежни проблеми,
- Решавање на проблеми и конфигурација на VOIP,
- Креирање и дополнување на база на знаење и техничка документација.
Што нудиме?
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Континуирана обука и можност за напредување;
- Работно време од понеделник- петок од 8-16:00 часот.
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, а воедно го поседувате потребното образование, работно искуство, квалификации, вештини и личен профил за успешно извршување на работните задачи на работното место, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за ИТ Асистент”
Огласот е активен до 23.02.2018 година.
Општи правила за аплицирање:
- Именување на документ за аплицирање - CV (име и презиме на апликантот).
- Назнака на позицијата за која се аплицира
- Согласно Законот за заштита на лични податоци Ве молиме во текстот на е-поштата да наведете дали прифаќате Вашите податоци да се чуваат во збирката за идни вработувања во НЕПТУН МАКЕДОНИЈА или сакате Вашите лични податоци да бидат уништени по истекот на активниот оглас. Доколку нема никаква напомена од Ваша страна, податоците ќе бидат уништени.
Слични огласи »