ФИНМАК ДОО Скопје лого

ЕРП специјалист

За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица. повеќе за компанијата »

Активни огласи од ФИНМАК ДОО Скопје:

Експерт за кредитирање во филијали Скопје

Финансиско друштво ФИНТЕК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.

Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата и ширење на мрежата подружници, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата:

 

ЕРП специјалист

 

Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон исполнување на обврски, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во комуникацијата со сите колеги

 

Позицијата вклучува:

·      Прифаќа “сопственост” и превзема одговорност за Системот за управување со кредити (Mango ERP) и неговата функционалност;

·      Го анализира текот на процесите и техничките системи и дава насоки за модификации/промени каде што тоа е потребно, на месечно ниво.

·      Превзема дневни активности за константно работење на ЕРП системот и отстранување на потенцијални грешки

·      Внесува нови параметри во базите на податоци и креира кориснички профили

·      Процесира барања кога се потребни интервенции во апликациите или кредитите

·      Администратор на хелп деск апликацијата/процесот

·      Спроведува редовни контроли за конзистентност на параметрите внесени во системот

·      Водење на кеш регистри како и администрирање на делот со ЦМС подружници

·      Се грижи за непречено функционирање на системот

·      Овозможува целосна подршка на оперативците во реално време

·      Обработува податоци кои се потребни на останатите тимови за непречено работење на истите

·      Детектира процеси што допринесуваат сложеност и преоптеретеност на системот

·      Води активна евиденција за пермисиите на вработените

·      Анализира логови и спрема извештаи по истите

Работното време ќе биде во две смени од понеделник до сабота.

 

Услови од компанијата:

 

·      Современа и најнова технологија

·      Полугодишен бонус

·      Приватно здравствено осигурување

·      Можност за напредување

·      Динамични работни услови во брзорастечка компанија

 

Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски или англиски јазик преку полето Аплицирај.

Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНТЕК ДОО го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНТЕК ДОО, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира, како и за контакт во случај на отворање на нови позиции кои одговараат на профилот на кандидатот, и се чуваат во времетраење од 1 година. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »