Пивара Скопје АД лого

Машински техничар (м/ж)

За компанијата:

Пивара Скопје АД е една од најстарите и најпрепознатливи компании во Македонија, со традиција што трае повеќе од 100 години. Основана во 1924 година, денес Пивара Скопје е водечки производител на пиво,... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Пивара Скопје АД:

Специјалист за безбедност (м/ж)

МАШИНСКИ ТЕХНИЧАР м/ж

КОИ СМЕ НИЕ

Ние сме Пивара Скопје, неприкосновен лидер на пазарот за производство и продажба на безалкохолни пијалаци, пиво и премиум алкохолни пијалаци. Постојано растеме и сме посветени на одржливиот развој како една од нашите главни заложби. Ние сме продажно-ориентирана компанија која континуирано воведува иновации во секојдневното работење и постојано ја проширува палетата на производи, одржувајќи највисоко ниво на квалитет и богатство од вкусови, со цел да бидеме 24/7 партнер за пијалаци.

Тука сме повеќе од 100 години и го поврзуваме нашето културно-историско богатство заедно со моќта на двете глобални групации на кои припаѓаме - Coca-Cola HBC и HEINEKEN. Постојано откриваме нови начини на испорака на најдобра услуга на нашите купувачи и уникатно искуство на нашите потрошувачи. И ќе продолжиме да го правиме тоа на начин што ќе ги инспирира нашите луѓе да победуваат како еден заедно со нашите купувачи.

Повеќе од 100 години градиме силни партнерства со нашите купувачи, потрошувачи и заедницата. Заедно создаваме, заедно растеме и заедно им се радуваме на сите досегашни успеси и на оние што допрва ќе дојдат, затоа што ние сме партнери засекогаш!

ШТО НУДИМЕ

  • Работа со современи алатки и технологии
  • Fit Kit – бесплатна месечна членарина со пристап до 300+ спортски активности
  • Годишен бонус согласно корпоративни, локални и индивидуални резултати
  • Годишно зголемување на плата врз основа на индивидуални перформанси
  • Бесплатни компаниски производи за роденден и празници
  • 24/7 осигурување од незгода
  • Можности за обуки и развој поддржани од две интернационални корпорации

ТВОИТЕ РАБОТНИ ЗАДАЧИ

  • Врши превентивно, предвидливо и корективно одржување, врз основа на работните налози (WO), почитувајќи ги препорачаните технологии и е одговорeн за квалитетот на извршената работа.
  • Интервенира во најкус можен рок во случај на дефект и дејствува ефикасно за минимизирање на времето на застој, минимизирање на загубите и враќање на сите безбедносни параметри на погодената опрема.
  • Одговорен e за правилно извршување на планот за одржување на опремата во согласност со препораките и/или спецификациите на производителот.
  • Учествува во крос-функционални тимови со цел превенција и решавање на проблеми/застои.
  • Зема активно учество во реализација на планови за ремонт и активно учество во монтажа на нови машини и опрема, спроведување на проекти и изведување машински инсталации.
  • Оперира со и ги одржува во добри услови со номинални параметри сите енергетски капацитети во фабриката.

ШТО БАРАМЕ

  • ССП во областа на Машинството
  • Работно искуство во производство, машинско одржување
  • Ориентираност и подготвеност за тимска работа и работа во смени

Доколку се пронаоѓаш во описот и си подготвен/а за нови предизвици и можности за развој, аплицирај најдоцна до 11.05.2026 г.

Неделното работно време за позицијата е во ротција од 3 смени, 40 работни часа. Избор на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавени кандидати. Со праќање на вашата апликација, давате согласност вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 1 година.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »