ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид лого

Опслужувач на машини

За компанијата: Ние сме водечка компанија за леење на одливци од алуминиум, произведени со високотехнолошки и еколошки одржливи производни процеси. Нашата мисија се гради врз основ на 75-годишна традиција, знаење, иновации... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот во Word)

Опслужувач на машина - во одделот за машинска обработка на одливците

Доколку сакате да станете дел од наш тим во динамично производствено опкружување, сте подготвени за работа полна со предизвици и сакате да учествувате во создавање на квалитетни производи, ве покануваме да се приклучите на нашата успешна компанија.

Ваши одговорности:

- познавање на основните правила за стартување и работењето на машините за обработка

- основно опслужување на машините за обработка со определени одлеаноци

- прегледување на одлеаноците и препознавање на грешки во согласност со контролната документација

- познавање, разбирање и пополнување документацијата на работното место

*Безбедност и почитување процедури:

-носење на лична заштитна опрема (наочари, ракавици, итн.)

-почитување на процедури за безбедна работа со машини

-учество во обуки за квалитет,безбедност и екологија

-грижа за чисто и уредно работно место - 5Ѕ и самоодржување

 

Услови за работа:

Работната позиција бара користење на заштитна опрема, 40h неделно/ 8h дневно.

Локација: ЛТХ Леарница ДООЕЛ Охрид – производни капацитети, работа во смени (4-3)

Знаења и компетенции потребни за исполнување на работната позиција:

  • завршено средно образование, техничка, друга насока
  • прецизност
  • соработка со останатите
  • снаодливост
  • организација на сопствената работа
  • чувство за простор и чистота

Нудиме:

  • Редовна и стимулирачка месечна плата.
  • Долгорочно и сигурно вработување во компанија со 75-годишна традиција во автомобилската индустрија.
  • Можност за личен и професионален развој во динамична работна средина.
  • Обезбеден топол оброк.
  • Додаток за присутност.
  • Исплата на регрес за годишен одмор согласно услови за стекнување на правото на регрес.
  • Исплата на новогодишен надоместок, доброволно приватно здравствено осигурување.
  • Награди и бонуси согласно покажани резултати.
  • Паркинг во непосредна близина на фабриката.
  • Учество на различни спортски настани.

Аплицирајте на Слободни работни места | LTH Castings до 12/04/2026 година.

*Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото во рок од 120 дена. Во процесот на селекција, само кандидатите кои ќе влезат во потесниот круг ќе бидат контактирани и повикани на тестирање и/или интервју.

wwww.lthcastings.com Ι [најави се за да го видиш е-маилот]

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »