Офис Плус ДООЕЛ лого

Графички дизајнер

За компанијата: Офис Плус е водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјали, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема. Компанијата работи на сите канали на... повеќе за компанијата »

Офис Плус, Водечка компанија во Македонија за продажба и дистрибуција на канцелариски материјал, ИТ, канцелариски мебел, промоција, патни торби и училишна опрема, 

Има потреба да вработи:

Сега имате одлична можност да бидете

ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР

Одговорности и задачи:

  • Подготовки на припреми за печатење
  • Дизајн и графичко уредување на рекламен и промотивен материјал,
  • Изработка на дизајн решенија за клиенти
  • Континуирано надополнување на артикли  на WEB страницата на компанијата
  • Брендирање на производи

Потребни квалификации:

  • Претходно работно искуство на истата позиција би било пожелно 
  • Задолжително познавање на Corel DRAW,
  • Познавање на Adobe Photoshop и Adobe Ilustrator ќе се смета за предност
  • Познавање и следење на глобалните трендови
  • Познавање на англиски јазик

Профил на личност:

  • Креативна личност
  • Одлични комуникациски и организациски вештини
  • Организираност, одговорност, лојалност и ориентираност кон цели
  • Самоиницијативност при извршување на работните задачи
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок

Испратете ваша биографија (CV) и мотивационо писмо, на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака „Графички дизајнер”

Доколку сакате предизвик, лесно се прилагодувате, имате позитивен и професионален пристап кон работата и поседувате добри комуникациски способности, Ве повикуваме да се приклучите на нашиот тим на работно место „ Графички Дизајнер “. 

Со испраќањето на вашето CV дозволувате истото да се чува и за намена вработување на исти и слични работни позиции.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »