
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Битола, Група 2 – Служба за корисници, бараме:
ЕЛЕКТРОМОНТЕР (М/Ж)
Опис на работните задачи:
- Исклучување и повторно вклучување на корисници на дистрибутивната мрежа,
- Отчитување на податоци од броила,
- Контрола на приклучоци и мерни места,
- Замена на броила на корисници,
- Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација,
- Помош при отстранување дефекти,
- Откривање и пријавување неправилности на електроенергетски објекти и мерни уреди.
Потребни квалификации и лични карактеристики:
- IV степен електротехничко образование – енергетика,
- Квалификации за работа под напон ќе се сметаат за предност,
- Компјутерски познавања ќе се сметаат за предност,
- Возачка дозвола,
- Одговорност, лојалност, тимска работа,
- Комуникативност, флексибилност.
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Електродистрибуција, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk најдоцна до 12.01.2018.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)
Слични огласи »