
За компанијата: “Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето...
повеќе за компанијата »ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ВО СИСТИНА ОФТАЛМОЛОГИЈА
“Систина Офталмологија“ е најголемата и најмодерна приватна болница во регионот и е пример за успешна приказна во здравствениот сектор со медицински услуги според најсовремените протоколи во лекувањето на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.
Поради проширување на својот тим, „Систина Офталмологија“ - Скопје објавува оглас за вработување на две работни позиции за:
МЕДИЦИНСКА СЕСТРА
Потребни квалификации:
- Медицинско образование
- Положен државен испит за медицинска сестра
- Работно искуство од 1 година ќе се смета за предност
- Развиени компјутерски вештини
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање албански јазик задолжително
ОПТОМЕТРИСТ
Потребни квалификации:
- Дипломиран оптометрист
- Со или без работно искуство (работното искуство ќе се смета за предност)
- Добро познавање на англиски јазик
- Познавање на албански јазик ќе се смета за предност
Личен профил:
- Одлични организациски вештини и способност за одредување приоритет
- Одлични комуникациски и презентациски вештини
- Аналитички способности, упорни и енергични
- Професионален и позитивен однос
- Љубезност, учтивост и хуманост
- Способност за самостојна и тимска работа, и работа под притисок
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и Сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака „За оглас за медицинска сестра“ или „За оглас за оптометрист“ – за местото за кое аплицирате за работа.
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!
Слични огласи »