ЦЕРМАТ ДОО лого

Мајстор за одржување на машини во производствен погон - Битола

За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед. повеќе за компанијата »
  • Објавен на 4.2022
  • ЦЕРМАТ ДОО
  • Активен до 29.04.2022
  • Позиција: Електро-машински техничар/Техничар
  • Локација: Битола
  • Веб: www.cermat.com.mk/
  • Facebook: линк

Цермат доо Битола, е синоним за квалитет во областа на производство на сладолед и замрзнати производи. На домашниот пазар е препознат од своите купувачи како компанија која нуди највисок квалитет на своите производи со стандарди за квалитет и производство во модерен прехранбен капацитет. Доколку си личност која сака да биде клучна алка во одделот за одржување на машините, тогаш пријави се на следниот оглас  за:

"МАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДЕН ПОГОН"

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

ССС или ВСС – машинска или електро насока;

Работно искуство во соодветната област;

ОДГОВОРНОСТИ:

Работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност;

Грижа и контрола на исправноста на опремата и нејзина коректна работа за време на производствениот процес;

Грижа за навремено отстранување на сите дефекти;

Превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.

Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.

Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат, испратете Ваше CV со фотографија на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака МАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО, најдоцна до 30.04.2022 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »