Стокомак е ланец на дисконтни маркети кој работи по концептот хард-дисконт. Поради проширување и отварање на нови работни позиции, за потребите на маркетите во Центар и Буњаковец вработуваме 2 РАКОВОДИТЕЛИ НА МАРКЕТ
Основна дефиниција и цел на вработените се:
- водење и одржување на мотивитан тим со кој треба да ги постигнете очекуваните резултати, во делот на услуга, свежина, достапност на производи преку ефикасни работни принципи
- да обезбедите сигурност кај потрошувачите дека секогаш ке имаат на достапност високо – квалитетни производи, како и дека секогаш им обезбедите сигурна и точна наплата
- организирање на работните смени, организирање работни состаноци со вашиот тим преку кој го едуцирате за поефикасни и поефективни принципи во начинот на организирање на маркетот
Потребни квалификации:
- минимум ССС
- инспиративен стил на лидерство и способност да создадете стабилна работна средина, како и да го мотивирате вашиот тим да ги заврши секојдневните задачи и отидат чекор понапред за клиентите,
- Искуство во малопродажба или водечки тим од минимум 1година
- Подготвеност за тимска работа, способност да му помогнете на вашиот тим да ги постигне своите цели во кариерата преку делегирање, зајакнување и тренинг
- активен и практичен пристап за водење на вашата продавница до највисоки стандарди, преземање одговорност за вашите резултати и континуирано настојување за подобрување
- Високо развиено чувство за координирање на трошоци и економичност, високо професионална работна етика, свест за политиките и процедурите на компанијата
Наша понуда:
- почетна плата 21.000+бонуси поврзани со резултатите,
- доплата за работа на државен празник,
- прогресивна кариера – поради брзото ширење, постојано сме во потрага по стабилен и силен тим. Со искуството од раководител на маркет, во иднина можете да водите цела област ( неколку маркети) или да го продолжите работењето во некој друг сектор
Пријавување и испраќање на ваши биографии на : [најави се за да го видиш е-маилот]