
За компанијата: Ние имаме 40 канцеларии во 20 земји и воедно сме зачетници во професионалното советување на територијата на источна Европа. Нашата разгранета мрежа и широката палета на услуги кои ги пружаме гарантира...
повеќе за компанијата »Хилл Скопје за својот клиент, компанија која е реномиран регионален лидер во областа на фармација, бара самоиницијативна и мотивирана личност за позицијата:
Медицински претставник
Квалификации:
- ВСС – дипломиран фармацевт или доктор по медицина/ стоматологија
- Минимум една година искуство во промоција на фармaцевтски производи ќе се смета за предност
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Возачка дозвола Б категорија
- Одлични комуникациски и презентациски способности
- Организираност и одговорност кон доверените работни задачи
- Динамичен и флексибилен пристап во извршувањето на работните обврски
Одговорности:
- Понуда, промоција и презентација на фармацевтски производи од реномиран производител
- Секојдневна посета, развој и одржување на односите со доктори и фармацевти
- Имплементација на маркетинг планови и реализација на зададени цели согласно компаниската стратегија
- Редовно известување за текот на активностите и водење на соодветна евиденција за спроведените активности
- Учество и организирање на стручни собири
- Следење и анализа на фармацевтскиот пазар
- Идентификување на нови деловни можности и иницирање на контакти
Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци кои сакаат да бидат дел од интернационален бизнис кој е фокусиран на секојдневна грижа за здравјето на луѓето.
Работното време за оваа позиција е од 08:00 до 16:00 часот. Неделното работно време е од понеделник до петок.
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија најдоцна до 26.02.2020, со назнака за позицијата.
E – mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
www.hill.mk
Хилл Скопје, Анастас Митрев 26/4, 1000 Скопје
тел/факс: 02/3296-481
Слични огласи »