
За компанијата: ФД ФИНМАК ДОО Скопје со брендовите Тиго и Бонго е современа компанија со високи професионални стандарди која нуди лесни и брзи решенија за микрокредитирање на физички лица.
повеќе за компанијата »Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје е современа компанија која применува иновативна и модерна технологија, посветена на корисниците. Нудиме брзи и лесни решенија за микрокредитирање на физички лица кои се достапни секому.
Нашиот тим се состои од професионалци од областа на финансии, грижа за корисници и ИТ. Поради брз раст на компанијата, повикуваме амбициозни лица да аплицираат на позицијата
Експерт за електронска продажба
Вистинскиот кандидат за оваа позиција е проактивен, флексибилен и ориентиран кон резултати, со цел градење на успешна компанија, притоа имајќи позитивен став во обезбедување на исклучителни услуги кон нашите корисници.
Позицијата вклучува:
- Активна телефонска продажба врз однапред определени листи за комуникација
- Телефонска комуникација со постоечки клиенти преку излезни повици
- Правилно презентирање на производот што се продава
- Едукација на корисници преку обезбедување транспарентни информации за производите и услугите
На оваа позиција вработениот одговара пред Менаџер на Оддел за телефонска продажба
Профил на кандидат:
- Пожелно е да има искуство во продажба
- Познавање на англиски јазик и MS Office
- Ориентираност кон резултати и работа со таргети
- Поседување на комуникациски и преговарачки вештини
- Флексибилност за работа од понеделник до петок од 09:00 до 17:00 часот и сабота од 09:00 до 14:00 часот
Услови од компанијата:
- Современа и најнова технологија
- Основна плата плус месечни бонуси според политиката на компанијата
- Можност за професионален развој и напредување
- Динамични работни услови во брзорастечка компанија
Доколку сметате дека сте вистински кандидат кој може да изгради цврсто фокусирана организациска култура, Ве молиме испратете Ваша биографија и мотивационо писмо на македонски јазик преку полето Аплицирај.
Изборот ќе се изврши согласно условите и роковите во Законот за работните односи. ФИНМАК го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.
Со аплицирање, кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во прикачените документи да бидат собрани и обработувани од ФИНМАК, во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор на кандидат за позицијата за која аплицира. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.
Финансиско друштво ФИНМАК ДОО Скопје
Слични огласи »