
За компанијата: The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок...
повеќе за компанијата »Job Good! Life Good!
The HeadHunter Group, е иновативна компанија за вработување и регрутација, со свои канцеларии во Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Србија, Кипар, Грција и САД. Ние нудиме највисок менталитет во менаџментот на човечки ресурси и нашата основна дејност се кадровски решениа за барателите на работа и работодавачите.
За потребите на наш клиент, интернационална групација бараме :
АССИСТЕНТ ЗА ТРЕЈД МАРКЕТИНГ (TMA)
Асистентот за Трејд Маркетинг е одговорен за водење и имплементација на плановите за трејд маркетинг, со цел постигнување на зададените цели во однос на обем на продажба, приходи и дистрибуција. Лицето ќе биде задолжено за развој на брендот и промоција на производите на компанијата во сите продажни канали на пазарот. Асистентот ќе ја координира реализацијата на лансирање на нови производи, програми за лојалност, позиционирање на производи и продажни материјали (POSM), како и сите одобрени трејд активности.
Опис на работни задачи:
- Планирање на трејд маркетинг:
Асистира во подготовка на трејд маркетинг стратегии и годишни планови, во согласност со стратегијата на брендот и продажбата, кои треба да бидат финализирани најдоцна до декември секоја година.
- Активности и програми:
Креира и организира трејд маркетинг активности и програми, согласно стратегијата на брендот и потребите на пазарот. Го обезбедува целосното разбирање и комуникација со сите инволвирани страни.
- Имплементација:
Ги реализира одобрените активности, координирајќи со тимовите на терен и надворешни соработници. Следи реализација и презема корективни мерки по потреба.
- Свест за брендот:
Работи на зголемување на препознатливоста на брендот преку соодветни програми и активности во различни категории и канали.
- Промотивни материјали (POSM):
Истражува и предлага добавувачи, ја координира дизајнацијата, продукцијата и дистрибуцијата на продажни материјали. Изработува планограми и следи склучување договори со продажни точки. Води евиденција за залихите од POSM материјали во магацин и на терен.
- Анализа на податоци:
Собира и анализира релевантни податоци за трендовите на индустријата и каналите на продажба, предлагајќи соодветни активности кон надредениот.
- Извештаи и презентации:
Изготвува месечни извештаи според инструкциите на менаџерот, како и дополнителни извештаи за пазарни трендови, развој на канали и сл. Оценувањето на активностите се презентира месечно или најдоцна 30 дена по завршување на дадената програма.
- Фактури за трејд маркетинг:
Следи и евидентира фактури врз основа на договори со клиенти, на месечно или квартално ниво.
- Посети на пазарот:
Остварува теренски посети на сите канали најмалку еднаш месечно, за да остане информиран за присуството на портфолиото на компанијата, позиционирањето и активностите на конкуренцијата.
- Дополнителни задачи:
Извршува и други работни задачи според потребите на компанијата, во согласност со договорот и законската регулатива.
Барања:
- Образование: Високо образование во економија, маркетинг или сродни области.
- Работно искуство: Минимум 2 години искуство во продажба, дистрибуција или маркетинг.
- Јазици и компјутерски вештини: Течно познавање на англиски јазик; MS Office.
- Менаџерски и лидерски способности: Искуство во водење тимови и градење тимска работа.
Компетенции:
- Стратешко размислување и ориентација кон резултати.
- Висока аналитичност и прецизност.
- Отворена комуникација и мотивирање на тимот.
- Посветеност кон квалитетна реализација и ефикасна имплементација.
Заинтересираните кандидати ги покануваме да аплицираат на следниот меил [email protected] или директно на: https://www.careers-page.com/the-headhunter/job/QWWV794W
Пробајте го Хедхантер за вашиот успех!
Доверете ја вашата кариера на ВИСТИНСКИТЕ професионалци!
Ве молиме бидете информирани дека само кандидатите селектирани за интервју ќе бидат контактирани. При аплицирање напомнете ја позицијата за која аплицирате
Слични огласи »