Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Македонијалек е првата приватна веледрогерија во Македонија. Развојниот пат на Македонијалек датира од 1978 година, а со постојната структура и сопственост на капиталот претпријатието функционира од 1991 година.
МАКЕДОНИЈАЛЕК Скопје e компанија која повеќе од 40 години претставува синоним за квалитет, традиција и успех во фармацевтскиот бизнис.
Постојаниот развој на компанијата наметнува потреба за засилување на Маркетинг Тимот и во таа насока имаме потреба од вработување на:
ГРАФИЧКИ ДИЗАЈНЕР
Работни обврски:
Изработка на дизајн на визуелни решенија за веб и социјални медиуми
Подготовка на дизајни и маркетинг материјали за печат (брошури, флаери, постери, налепници, летоци, маици, брендирање на возила)
Подготовка на дизајн за надворешни светлечки реклами
Дизајн на списание
Идеи за дизајн и изработка на нова амбалажа на производи(кутии, фолии, кеси)
Комуникацијa со печатници и надворешни соработници со цел обезбедување на квалитетна подготовка за печатење
Спроведување и контролирање на процесот од изработка на дизајнот до финално завршување со цел да се обезбеди исполнување на рокови и продукција на материјал со највисок квалитет
Квалификации:
Познавање на Adobe Photoshop, Adobe Illustrator, Adobe InDesign и останати алатки за визуелен дизајн
Познавање на англиски јазик
Креативност
Ефикасно управување со времето
Искуство во администрација на социјални медиуми ќе се смета за предност
Ние ви нудиме:
Работно време од понеделник до петок од 08:00-16:00 часот
Пријатна работна атмосфера
Тимска работа
Можност за постојано надградување
Сите заинтересирани кандидати своето CV може да го достават на [најави се за да го видиш е-маилот]
Само кандидатите кои ги исполнуваат условите и ќе влезат во потесниот избор ќе бидат контактирани.
Слични огласи »
Обуки
пред 21 минути
пред 4 часа
пред 5 часа
пред 6 часа
пред 7 часа
пред 8 часа
пред 9 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена