
Главни одговорности и обврски:
- Подготовка на салати, ладни и топли предјадења, вклучувајќи преливи, сосови и гарнири
- Учествува во делот за навремена набавка на сите потребни производи и состојки за салата/предјадење
- Одговорен во делот на сервирање и добра визуелна презентација на храната
- Одржување на чистотата на сите фрижидери, магацински простори и работни површини кои се користат за салата/предјадење
- Контрола како и проба на јадењата при подготовка (салата и предјадења) со цел обезбедување на квалитет на храната
- Спроведување на строгите упатства за безбедност на храната и санитарни услови, како и соодветни хигиенски и санитарни процедури
Очекувани квалификации:
- Завршено средно образование
- Висока работна етика
- Претходно искуство на позицијата ќе се смета за предност
Потребни способности и вештини:
- Силни кулинарски вештини со фокус на салати, ладни и топли предјадења
- Познавање на различни кујни и профили на вкусови
- Одлични вештини за услуги на гостите
- Внимание на детали и посветеност на квалитетот
- Способност за работа под притисок и запазување на рокови
- Флексибилност за работа во смени
Компанијата за своите вработени нуди:
- Работа во еден од најпрестижните ресторани во градот
- Договор на неопределено време и конкурентна плата
- Платена храна - обезбеден оброк и пијалоци
- Одлични услови за работа во пријатна атмосфера и можност за професионален напредок
Заинтересирани апликанти, Ве покануваме да ја доставите вашата биографија со фотографија на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] За повеќе информации јавете се на тел. 02/ 2523-523 секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Слични огласи »