
- Објавен на 11.2018
- CASTINVEST
- Активен до 28.11.2018
- Позиција: Останато
- Локација: Скопје
- Телефон: 02/551-5001
CASTINVEST е иновативна компанија за производство на одлеаноци од сив и нодуларен лив, која се позиционира на врвот како една од водечките компании со врвен квалитет на производи и услуги кои ги пласира на домашниот и меѓународниот пазар.
Со својата работа се стремиме кон деловна совршеност во сопствената дејност, иновативен развој на производите и процесите како и непрекинато зголемување на продуктивноста и квалитетот. Изработуваме фазонски делови наменети за водоводни и гасовни инсталации, канализациска арматура, одлеаноци од алуминиум за машинска индустрија
Каст Инвест Доо има потреба од следната работна позиција:
Металург
Потребни квалификации:
- ВСС Технолошко Металуршки факултет-отсек Металургија
- Работно искуство не помалку од 5 години во областа на Металургија
- Одлично познавање на англиски јазик во говорна и пишана форма
- Напредно познавање на Microsoft Excel, Power Point и одлично познавање на другите MS Office апликации
- Познавање на петте столба на квалитет(PPAP, FMEA, APQP, SPC, MSA)
Oдговорности:
- Калкулација и дефинирање на технолошките параметри
- Ја прати реализацијата на технолошкиот процес на производството, ја контролира оперативноста на машините и носи одлуки околу евентуалните промени во технолошките параметри
- Одговорен за унапредување на производниот процес, унапредување на техннолошката документација и оптимирање на технолошките леарски параметри на сите машини под висок притисок
- Следење на оперативните постапки, критичните параметри, матерјали за сите леарски операции заради усогласување со стандардните параметри
- Одговорен за реализација и оптимизација на нови производни процеси, како и за организација, надгледување и анализа на сите недостатоци кај тесните грла во производството, предлага најдобри решенија
- Креира упатства за производните процеси во леарницата
- Ги документира сите производни промени
- Соработка со сите сфери на унапредување на технолошките процеси и опрема
- Допринесува во воведувањето новитети во производниот циклус, со цел намалување на трошоците при леење и континуирано подобрување на системот
- Развива планови за обезбедување на квалитет на производите со спроведување анализа на ризици, идентификување на критичните точки и превентивни мерки, следење на процедурите и предлагање на корективни мерки
- Изработува годишни планови и извештаи за работата
Ние нудиме:
- Можност да сте дел од голема компанија со преку 150 вработени
- Стабилност и можност за развивање
- Градење на успешна кариера
- Можност за надградба на професионален план
- Одлични услови за работа – атрактивна и динамична работа
- Професионална обука според личните потенцијали и потребите на компанијата
- Мотивирачки месечен надоместок и пакет бенефиции.
Работниот однос се склучува на одредено време со можност за продолжување
Апликација
Преку испраќање на ваше CV на [најави се за да го видиш е-маилот] или испраќање на адреса Castinvest, ул. Перо Наков, број 120, 1000 Скопје. Со самото аплицирање на овој оглас, давате согласност Вашите податоци да бидат задржани и користени од компанијата во рок од 6 (шест) месеци
Останати огласи »