Пакет Маркет ДОО лого

Специјалист за Корисничка Поддршка

За компанијата: Paket.mk е најголемиот онлајн супермаркет во државата, кој ви овозможува избор на повеќе од 15.000 намирници достапни за достава истиот ден. повеќе за компанијата »

За нас
Paket е водечки онлајн супермаркет кој расте со брзо темпо и ја менува навиката на купување намирници. Кај нас, корисничката поддршка е срцето на искуството – затоа што веруваме дека секој контакт со клиент е шанса да создадеме доверба и лојалност.

Зошто оваа улога е посебна?
Ова не е само почетна позиција – ова е стартна точка за кариера. Многу од нашите менаџери ја започнаа својата приказна токму од тука. Позицијата е вистински „инкубатор“ за личен и професионален раст, каде што ќе научиш сѐ за компанијата, нашите корисници и динамиката на е-трговијата.

Што ќе правиш:

  • Комуникација со клиенти преку различни интегрирани комуникациски канали.
  • Решавање на барања и проблеми со позитивен и професионален пристап.
  • Користење на современи алатки за следење на достава и ERP системи.
  • Соработка со останатите тимови за да обезбедиме беспрекорно искуство за клиентите.

Твојот профил:

  • Течно познавање на македонски и англиски јазик.
  • Одлични комуникациски вештини и позитивен став.
  • Подготвеност за учење и преземање одговорност.
  • Тимски играч кој сака динамична средина.

Што нудиме:

  • Можност да станеш дел од брзорастечка компанија.
  • Кариера што може да се развие во повеќе насоки – категори менаџмент, маркетинг, операции, финансии, технологија и повеќе.
  • Конкурентна плата и бонуси.
  • Пријателска и поддржувачка работна атмосфера.

Локација: Пинтија, Кисела Вода, Скопје.

Подготвен/а за предизвик?

Аплицирај сега со испраќање на твоето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] . Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »