МЕРМЕРЕН Комбинат АД Прилеп има потреба од ОПЕРАТОР НА КИПЕР, ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА, АВТОБУС, АВТОДИГАЛКА, И БЕЗБЕДНОСНО ВОЗИЛО
ПРОФИЛ НА УСПЕШЕН КАНДИДАТ:
- Средно образование
- Со или без работно искуство
ГЛАВНА ЦЕЛ НА ПОЗИЦИЈАТА
Транспорт на материјали, јалов материјал, репроматеријали, резервни делови, готови производи, вработени во и надвор од Област Експлоатација, управувајки камиони, автобус, автодигалка, безбедносно возило, цистерна со нафта и цистерна со вода.
ОДГОВОРНОСТИ / ОБВРСКИ НА ПОЗИЦИЈАТА
- Работи во експлоатација на мермерна минерална маса.
- Има соодветна возачка дозвола за категоријата на возилото со кое се управува.
- Ракува со тешки транспортни возила - кипер и сл.
- Се придржува на пропишаните мерки за безбедност и здравје при работа и ја користи опремата за заштита при работа со која е задолжен.
- Се грижи за примена на пропишаните мерки за заштита на животната средина.
ЛИЧЕН ПРОФИЛ НА КАНДИДАТОТ:
- Тимски ориентирана личност,
- Добро организирирана, со флексибилен пристап на работите,
- Позитивен став, лојалност, темелност и трпеливост,
- Професионалност во работењето.
ШТО НУДИМЕ:
- Одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.
- Конкурентен пакет за наградување
- Приватно здравствено осигурување
- Обезбеден превоз до работно место и топол оброк
- Спроведување на сите законски обврски предвидени во Законот за работните односи, како и други поволности
- Основна нето плата 41.000 денари (176 работни часа)
- Работно време во смени: 06:00 – 14:00 14:00 -22:00 22:00-06:00
Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на македонски јазик на е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака “апликација за работно место “ ОПЕРАТОР НА КИПЕР, ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА, АВТОБУС, АВТОДИГАЛКА, И БЕЗБЕДНОСНО ВОЗИЛО ”.
Компанијата изборот на соодветен кандидат ќе го изврши во законски определениот рок во зависност од бројот на пријавените кандидати. Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани. Сите апликации ќе бидат разгледувани во строга доверливост.
Согласно Законот за заштита на лични податоци Вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место ОПЕРАТОР НА КИПЕР ТРАНСПОРТНИ СРЕДСТВА, АВТОБУС, АВТОДИГАЛКА, И БЕЗБЕДНОСНО ВОЗИЛО ќе бидат избришани од нашата евиденција во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.