Цермат доо Битола, е синоним за квалитет во областа на производство на сладолед и замрзнати производи. На домашниот пазар е препознат од своите купувачи како компанија која нуди највисок квалитет на своите производи со стандарди за квалитет и производство во модерен прехранбен капацитет. Доколку си личност која сака да биде клучна алка во одделот за одржување на машините, тогаш пријави се на следниот оглас за:
"МАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДЕН ПОГОН"
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
ССС или ВСС – машинска или електро насока;
Работно искуство во соодветната област;
ОДГОВОРНОСТИ:
Работа во тим со цел извршување на ефикасни, квалитетни и навремени сервисни активности на опремата, како би се обезбедила континуирана работа со минимален број на застои и максимална искористеност;
Грижа и контрола на исправноста на опремата и нејзина коректна работа за време на производствениот процес;
Грижа за навремено отстранување на сите дефекти;
Превземање на превентивни мерки за навремено спречување на поголеми дефекти.
Нашата компанија придава голема важност на цврстата волја и определеноста кон носење резултати, но секако и кон развој на сопствениот кадар преку перманентно учење и сопствен личен развој. Позицијата нуди можност за понатамошен Ваш личен и професионален развој во позитивна и динамична работна околина.
Доколку сметате дека сте спремни да станете дел од Цермат, испратете Ваше CV со фотографија на следниот е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака МАЈСТОР ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА МАШИНИ ВО ПРОИЗВОДСТВО, најдоцна до 15.10.2022 година.