
За компанијата:
Еast Gate Mall e најголем трговски центар во земјата и регионот кој ќе понуди богата и уникатна содржина на шопинг, гастрономија, забава, релаксација и култура. Еast Gate Mall e замислен како нов урбан... повеќе за компанијата »
Skopje East Gate SEG, за компаниите во рамки на Балфин групацијата во Македонија (Fuego, Flying Tiger-Just Fun, Nep Loyality, Elektro Eko Griza, Home Plus) објавува конкурс, со цел зајакнување на тимот за Финансии и сметководство. Во потрага сме по стратешки ориентирани кандидати со експертиза во областа на финансии и сметководство, кои поседуваат високо развиени аналитички и лидерски способности, за позицијата:
ДИРЕКТОР НА ФИНАНСИИ
Одговорности и работни задачи:
- Ја мониторира ефикасноста на воспоставениот систем за буџетска контрола и воспоставување на метод за минимизирање на финансискиот ризик
- Учествува во процесот на трансформирање на бизнис целите на компанијата во конкретни финансиски планови
- Обезбедува чување и одржување на финансиските податоци во строга согласност со локалната законска регулатива, како и изработка на финансиските и менаџерските извештаи навремено и согласно законските рокови, како и по барање на претпоставениот
- Обезбедува дека финансиското работење на компанијата е во согласност со законските барања и сметководствените стандарди
- Воспоставува и утврдува контролен систем кој е потребен да обезбеди рационално користење на средствата во согласност со внатрешните и надворешните норми
- Воспоставува и обезбедува достапност на сите аналитички извештаи за работењето на компанијата до одговорните менаџери или Собир на содружници
- Советува при избор и ангажирање на надворешни консултанти (ревизори, советници за инвестиции и сл) и ги координира односите со избраниот надворешен ревизор
- Одржува односи со банките и другите финансиски институции
- Ја следи и контролира даночната позиција на компанијата, и ги презема потребите мерки со цел контрола на оданочувањето
- Воспоставува и одржува ефикасен систем за континуирано следење на финансиската состојба на компанијата, и генералното финансиско работење
- Управува со готовинското работење на компанијата
- Ги мониторира извршувањето на платните налози и исплаќањето на побарувањата на компанијата
- Ги поставува кредитните ограничувања
- Мотивација, развој и управување со вработените во службата како и воведување на новите вработени
- Следење на буџетот во соодветната служба и преземање на мерки во случај на отстапувања
- Учествува во развој на процедури за соодветната служба
- Учествува на извршни и останати состаноци
Потребни квалификации:
- 10 години работно искуство во сметководство, пожелно во малопродажен сектор
- Мин. 3 години искуство на раководна позиција во финасии и сметководство
- Високо образование – економски науки
- Најмалку 3 години искуство со примена на IFRS стандарди
- Одлично познавање на даночната законска регулатива
- Искуство во работа со банки и банкарски продукти
- Пожелно е поседување на ACCA сертификат
- Одлично познавање на англиски јазик (уснa и писменa комуникација), напредно ниво на работа со компјутер (Microsoft office и други компјутерски деловни апликации)
Личен профил:
- Високо развиени аналитички способности
- Развиени лидерски вештини и способност за градење и водење на тимови
- Иницијативност, насоченост кон иновации и подобрувања
- Прилагодливост, одлични организациски и комуникациски способности
- Способност за запазување на рокови и остварување на резултати
- Управување со промени
Нашата компанија нуди:
- Култура на почит, отвореност, взаемно помагање и тимска работа
- Работа во стимулативна и динамична средина, со професионален и мотивиран тим
- Можност за континуиран развој и професионална надоградба
- Работно време: 07:30/8:30 – 15:30/16:30 (флексибилно)
- Приватно здравствено осигурување
- Годишен бонус согласно остварувањата и останати бенефиции согласно работното место
Доколку барате нов предизвик во кариерата и сакате да бидете дел од реномирана и успешна компанија, каде што се цени лојалноста, извонредноста, лидерството, одговорноста и тимскиот дух, ве покануваме да аплицирате преку означеното поле
Рокот за аплицирање е до: 29.06.2025
Слични огласи »