
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »За нас
EВН Електродистрибуција е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
КАРИЕРА ВО ЕВН
ORACLE DATABASE ADMINISTRATOR (М/Ж)
Опис на работните задачи:
- Проектирање, кодирање, тестирање и поддршка на најновата генерација решенија - бази на податоци: Oracle 10g, 11g и 12c,
- Одговорен за безбедносните аспекти на базите на податоци, превенцијата од загуба на податоци (Data Security, Backup & Recovery),
- Конфигурирање на backup за Oracle бази (RMAN и datapump),
- Администрација на Standby/Failover (Oracle Data Guard),
- Oracle RAC & ASM инсталација и администрација,
- Познавање на миграциски техники за Oracle,
- Искуство со Oracle middleware (апликациски сервери),
- Остварување постапки за враќање на податоци (restore), имплементација на recovery процедури и редовен backup на системите.
Потребни квалификации и лични карактеристики:
- 3 – 5 години релевантно работно искуство,
- Ефективни комуникациски вештини, пишани и вербални (особено со лица кои немаат големи познавања за IT технологии),
- Основно познавање на оперативните системи Windows и Linux.
Компетенции:
- Насоченост кон резултати,
- Висока организираност,
- Фокус на одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти,
- Способност за менаџирање на повеќе проекти од различни функционални области истовремено,
- Способност за изнаоѓање инвентивни решенија за подобрување на перформансите на базите на податоци со кои ќе управува,
- Способност за разбирање на комплексните проблеми од областа на работење и можност да препорачува ефикасни решенија за нивно отклонување.
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување (https://www.evn.mk/Careers/OnlineApplication.aspx)
Слични огласи »