
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар Полиестердеј има потреба од мотивирана, одговорна и креативна личност за позицијата – Припрес оператор
Што очекуваме од тебе:
- Познавање на Adobe Illustrator, Photoshop, InDesign, Acrobat, CorelDraw, софтвер за импозиција на фајлови,
- Организираност, прецизност и одговорност,
- Добри комуникациски вештини,
- Способност за самостојна и тимска работа.
Твои работни задачи:
- Комуникација со клиенти и прием на нивни барањa за печатење,
- Прием на фајлови за печатење, нивна проверка и адаптација,
- Дефинирање на потребите на клиентите и подготовка на понуда.
Што добиваш од нас:
- Континуирана поддршка и помош во периодот потребен за адаптација,
- Можност за учење и професионален развој,
- Обезбеден превоз до работното место,
- Колективно осигурување во случај на незгода,
- Редовна и навремена исплата на плата со сите додатоци,
- Флексибилно работно време од 08:00-09:00 до 16:00-17:00 од понеделник до петок.
Ако сакате динамична работа, учење нови вештини и развој во графичката индустрија, ова е вистинската можност за вас. Ве охрабруваме да аплицирате со испраќање на вашето CV на емаил [најави се за да го видиш е-маилот]
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Останати огласи »