ФМС дооел лого

Техничка поддршка

За компанијата: ФМС дооел е специјализирана компанија која ги нуди сите услуги поврзани со имотот. Компанија која ќе го процени, идентификува и претстави најдоброто решение за предизвиците и проблемите со кои се соочува... повеќе за компанијата »

Фасилити Менаџмент Сервицес дооел – Скопје е компанија која на своите клиенти им нуди интегриран систем на услуги од областа на управување на недвижнини и нивно одржување од секаков вид.

 

Поради проширување на тимот, Фасилити Менаџмент Сервицес објавува оглас за вработување на позиција за:

ТЕХНИЧКА ПОДДРШКА

Одговорности и задачи:

·         Контрола на квалитетот на извршените работи и функционирање на техничката опрема.

·         Проверка на објектот од технички аспект (функционирање на целата инфраструктура).

·         Проверка на објектот од аспект на уредување и хигиена.

·         Учествува во подготовка и изработка на техничко-економски предлози.

·         Изготвување на чек листи и извештаи.

·         Го координира тимот за техничка поддршка.

·         Грижа за одржување на опремата во исправна состојба во соработка со одговорен инженер.

·         Обезбедување на непречено функционирање на објектот.

·         Подготвува оперативни упатства и техничка документација за употреба и одржување на опремата.

·         Се грижи за почитување на нормите за безбедност и почитување на амбиентот.

·         Водење на административна документација.

 

Потребни квалификации:

·         Образование – минимум ССС, предност ќе имаат кандидатите со ВСС (машински, електро – технички или градежен факултет).

·         Работно искуство - Минимум 1 година на иста или слична позиција.

·         Активно познавање на англиски јазик.

·         Одлично познавање на MS Office.

·         Возачка дозвола Б категорија.

Личен профил:

·         Одлични комуникациски способности.

·         Професионален и позитивен однос.

·         Организираност и одговорност кон доверените работни задачи.

·         Самоиницијативност и амбициозност за усовршување на знаење и вештини.

·         Флексибилност и способност за тимско работење.

·         Спремност да се носи со предизвици и кратки работни рокови.

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) и мотивационо писмо на следната email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот] , со задолжителна назнака на работното место за кое аплицирате.

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »