ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА ДООЕЛ Скопје лого

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како PDF)

Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата. 
 
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА 
 
За потребите на Одделот Информатички и телекомуникациски технологии, бараме: 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИ ТЕХНОЛОГИИ (М/Ж) 
 
Работни задачи: 
 

  • Учество во инсталација, пуштање во работа, детекција на грешки и одржување на целосната комуникациска мрежна опрема (радио линкови, UHF и др.) во компанијата, како и мониторирање на целокупната мрежа преку централен систем за управување
  • Посета на постоечки и нови локации за одржување и развој на комуникациските мрежи
  • Планирање на соодветна инфраструктура за поставување на микробранови линкови (локации, инфраструктура и сл.)
  • Одржување на микробранови и UHF линкови
  • Работа со менаџмент системот на радио мрежата
  • Редовно следење на состојбата на мрежа и интервенција во случај на дефекти
  • Планирање за краткорочен и долгорочен развој на мрежите
  • Изготвување на потребни и задолжителни документи кон АЕК  

Потребни компетенции 
 

  • Високо образование - Телекомуникации
  • Соодветно работно искуство од најмалку 2 години
  • Самостојно правење на спецификации и конфигурација на линкови
  • Работа со native TDM и native Ethernet радио линкови и со софтвер за радио планирање (ICS designer) Познавање на работа со Aviat опрема за микробранови линкови и 4RF опрема за UHF линкови
  • Искуство во планирање и долготраен развој на комуникациски мрежи
  • Основни познавања на L3 CISCO опрема
  • Напредно користење на пишан и говорен англиски јазик
  • Возачка дозвола – Б категорија
  • Високо развиени комуникациски способности и способност за работа во тим 

 
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]  
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.  
 
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »