Добивај е-маил известувања за секој нов оглас.
Во име на нашиот клиент East Gate Mall, најголемиот трговски центар во Македонија со над 220 брендови, ДЕКРА ја огласува позицијата:
Менаџер за парични текови/ Treasury Manager
ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО
Ги следи сите уплати на сметки на Друштвото;
Менаџира готовински текови во реално време;
Развива и имплементира алатки за контрола и мониторинг на движењето на готовината;
Подготвува проекции за парични текови;
Усогласува побарувања и обврски;
Ги планира денарските и девизнити плаќања согласно роковите и врши денарски и девизни плаќања како и евидентира девизини приливи од странство;
Праќа известувања за извршени плаќања до добавувачи;
Изработува и евидентира документи за компензација;
Ја следи и контролира наплатата;
Комуницира со банки;
Прима и проверува влезни фактури од банки;
Изработува финансиска документација и фактури;
Го одредува благајничкиот максимум;
Дава налози за изработка и доставување на налози во денарски платен промет;
Врши сродни работи.
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Претходно работно искуство од минимум 5 години на иста или слична работна позиција со искуство во изработка на амортизациони планови, искуство во изготвување на cash-flow report, искуство во соработка со банки и договори за порамнување;
Претходно работно искуство во корпоративна средина ќе се смета за предност;
Сертифициран/а Trade Finance, лиценца за овластен сметководител;
Завршено високо образование од областа на сметководство и ревизија;
Одлично познавање на англиски јазик (C1/C2 ниво).
ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ
Добри комуникациски и организациски способности;
Одлично познавање на MS Office;
Мин. 5 години работа со Pantheon;
Одлични аналитички способности.
ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови своите професионални биографии можат да ги испратат на: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за позицијата за која аплицираат.
Крајниот рок за аплицирање е 26/04/2022.
Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.
Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија и писмо за мотивација, Согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени за потребите на регрутација и селекција од страна на ДЕКРА Арбеит Македонија и истите да бидат зачувани во дата базата на ДЕКРА. Напомена: Кандидатите можат во секое време да ја повлечат согласноста за обработка на нивната кратка биографија преку испраќање на известување на електронската пошта: [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »
Обуки
пред 40 минути
пред еден час
пред 2 часа
пред 3 часа
пред 4 часа
пред 5 часа
пред еден ден
пред 2 дена
пред 3 дена
пред 4 дена