
За компанијата:
Be-Da Logistics е основана на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање меѓународен транспорт и логистика на стоки преку копнен, железнички, воздушен и поморски сообраќај.... повеќе за компанијата »
БЕ-ДА Логистик Дооел е една од лидерските компании на Балканот, кога е во прашање транспортот на стоки. Основана е на почетокот на 2011 година како компанија специјализирана за организирање на меѓународен транспорт и логистика на стоки во патниот, железничкиот, воздушниот и морскиот сообраќај.
Бе-Да Логистик Дооел Скопје, компанија за организирање и посредување транспорт и шпедиција распишува оглас за работна позиција:
Потребни квалификации:
- Високо образование или завршен курс за продажба
- Возачка дозвола Б категорија
- Минимум 2 години искуство во продажба
- Познавање и работа со Microsoft Office
- Искуство во продажба во логистичка и транспортна дејност ќе се смета за предност
Лични карактеристики на кандидатот:
- Добри менаџерски и организациони способности
- Одлични комуникациски вештини
- Способност за тимска соработка
- Флексибилност и креативност
- Внимание на детали, упорност во работата и темелно завршување на своите задачи
Работни обврски кои следуваат со позицијата "Менаџер за продажба":
- Координација и менаџирање на постоечките клиенти
- Стратешко планирање и изготвување на планови за нови клиенти
- Изготвување на дневни, неделни и месечни извештаи за тековното работење
- Развивање на стратегија за продажба
- Работа на терен и лична посета на нови клиенти и презентирање на нашите услуги
- Припрема и испраќање на понуди
- Грижа за имиџот на компанијата
Доколку сте енергични, храбри и полни со ентузијазам за личен развој и напредување, како и професионални компетенции за успешно да работите во областа на транспортот, и сакате да бидете дел од нашиот тим испратете ја вашата професионална биографија на [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »