
За компанијата:
„Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија... повеќе за компанијата »
АД ЕВРОПА објавува оглас за работно место
МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР
Потребни квалификации:
- ВСС (VII/1 степен)
- Напредно познавање на MS Office, Internet....
- Познавање на англиски јазик
- Возачка дозвола В категорија
- Поседување на комуникациски вештини, прецизност, самостојност, уредност и одговорност
- Претходно работно искуство на слична позиција ќе се смета за предност
Одговорности:
- Организирање, развивање, обединување и координација на работите од делокругот на техничкиот сектор кои се однесуваат на правилна работа на производните линии, котлара, компресорска станица.
- Следење и примена на законските прописи од областа на техниката.
- Организирање на поголеми ремонти на машинскиот парк.
- Организирање градежни активности со цел подобрување на условите за производство.
- Договарање изработка на разни специфични резервни делови кои неможе да се изработуваат во машинската работилница на работодавецот.
- Учество во избор на опремата за производство и технички сектор.
- Учество во договарање на инвестициски градежни активности со градежни компании
- Организирање на набавка на разни стандардни и нестандардни резервни делови како од земјава така и од странство.
- Вработениот извршува и други работни задачи по претходно задолжение од претпоставените.
- да ги почитува принципите на НАССР стандардот при работа.
Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини, способности и лични особини:
- Организираност и ефикасност;
- Способност за тимска работа;
- Работа со дадени рокови;
- Следење на интерните правила и процедури;
Компанијата нуди:
- Можност за вработување на неопределено време.
- Можност за доусовршување и развој на кариера.
- Редовни месечни примања, надоместоци.
- Платен оброк за секој вработен.
- Работни часа: од Понеделник до Петок од 07:00 до 15:00 ч.
Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail: hr@evropa.com.mк
Ве молиме да наведете во subject: Апликација за Машински инженер. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју.
Слични огласи »