
За компанијата:
Новомак, од скромните почетоци во 2006 година, со напорна работа и истрајност, постојано го зголемува обемот на своите деловни активности, паралелно со зголемување на деловните капацитети, како и бројот... повеќе за компанијата »
Новомак е специјализирана компанија со седиште во Скопје, водечки дистрибутер и ексклузивен застапник на репроматеријали за изработка на мебел од бројни реномирани европски брендови. На македонскиот пазар целиме кон достигнување на врвната позиција во однос на квалитет и препознатливост. Развиваме организација со разбирање за тековните трендови и социјални аспекти, во кои што ги интегрираме предностите стекнати со долгогодишната традиција. Градиме кооперативна култура и усовршување на вработените, кои се нашата движечка сила. Доколку сакаш да бидеш дел од нашата визија и мисија, те повикуваме да аплицираш за следната позиција:
Оператор на CNC машина за обработка на плочест материјал
Потребни квалификации:
- Техничко образование
- Солидно познавање и работа во AutoCAD и апликациите од Microsoft Office пакетот (Word i Excel)
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност
- Основно познавање на англиски јазик
Личен профил:
- Организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ.
Своето CV доставете го на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оператор на CNC машина''.
Кандидатите кои не ги исполнуваат бараните услови нема да бидат разгледувани.
Слични огласи »