За компанијата: Code Academy е академија која со својата интензивна шест месечна програма ги спрема своите студенти да станат full-stack developers на кои по успешното заврување на академијата им нуди загарантирана 3 месечна пракса и потенцијално вработување.
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како слика)

Code Academy има потреба од практиканти кои ќе бидат задолжени за правење истражувања, дата анализа, собирање и обработка на податоци.
Она што ние ви го нудиме:
- 8 неделна пракса со можност за вработување по завршување на истата
- Целосна обука за успешно завршување на зададените обврски
- Работа со високо амбициозни, мотивирани, фокусирани и организирани индивидуи
- Забавна и опуштена работна атмосфера
Она што го бараме од вас е:
- Напредно познавање на Wordpress (domains, web hosting, wordpress themes, plugins, settings, publishing)
- Одлично познавање на англиски јазик
- Солидно познавање на интернет алатки за пребарување
- Основно познавање на E-Бизнис
Практикантите треба да ги имаат следниве карактеристики:
- Одговорни, доверливи и високо организирани
- Самостојни, само мотивирачки и исполнителни
- Професионални, позитивни и комуникативни
- Да поседуваат одлични аналитички и истражувачки вештини
- Да сакаат да учат, да се надоградуваат и да напредуваат
- Да сакаат да се дел од тим и да се тимски играчи
Оваа пракса е наменета за сите оние кои се во потрага по истата, но потребно е практикантите да започнат веднаш. Доколку сакате да аплицирате, пратете го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »