
За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да...
повеќе за компанијата »АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови во Република Северна Македонија.
Координатор во контрола на квалитет
Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:
- ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација/хемија);
- Минимум 2 години соодветно работно искуство во полето на контрола на квалитет на суровини, фазно производство, готови фармацевтски форми, примарна и секундарна амбалажа;
- Познавање на инструментални анализи и сепаративни техники-хроматографија;
- Способност за имплементација, следење и одржување на системот за контрола на квалитет,
- Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
- Многу добро познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
- Способност за самостојна работа, развиени аналитични и истражувачки способности, внимание на детали, упорност, студиозност, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност и дискреција.
Работни задачи за Координатор во контрола на квалитет:
- Следење на системот за контрола на квалитет преку имплементација и одржување на документи во системот, вклучувајќи стандардни оперативни постапки, протоколи, упатства, записи, обрасци, прирачници, трансфери итн., нивно контролирање и следење;
- Мониторинг и контрола на суровини, примарна и секундарна амбалажа, фазно производство и готови фармацевтски производи, следење на микробиолошки тестирања, стабилност на фармацевтски производи/развојни серии и валидациони активности;
- Спроведување, преглед и усогласеност на документацијата со GMP, GLP и ICH водичите;
- Следење и познавање на инструментални анализи, сепаративни техники-хроматографија;
- Проверка на резултати, одобрување и ослободување на меѓупроизвод, полупроизвод, готов производ и амбалажа.
Дополнителни информации:
Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]
Останати огласи »