
За компанијата:
Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување.
повеќе за компанијата »Најголемиот принт центар во Македонија, Polyesterday, со брзо темпо го продолжува својот раст. Тимот од стручни, посветени и способни кадри се клуч на нашето успешно работење и достигнување. Ние ги сметаме своите човечки ресурси за клучен фактор во нашиот брз и одржлив развој.
Распишуваме оглас за работното место „Раководител на Сектор за човечки ресурси“.
Опис на работно место:
- Ги следи и проучува законските и подзаконските прописи;
- Спроведува активности за усогласеност на активностите на Секторот со законските прописи;
- Менаџирање и планирање на работата на вработените во Секторот за човечки ресурси;
- Изработува договори општи и посебни акти од областа на работните односи
- Води дисциплински постапки за работници од сите друштва на групацијата
- Спроведува активности за вработување и престанок на работен однос
- Организира и спроведува постапки од областа за заштита при работа,
- Ги мери перфомансите и прави системи за подобрување,
- Се грижи за меѓусебните односи и комуникација на вработените,
- Соработка со надлежни институции во проекти за подобрување на работните процеси и поттикнување на вработувањата,
- Раководи со процедурите за комуникација и односи со вработените,
- Изготвување на известувања, наредби, одлуки за опомени, казни и бонуси, согласно интерните акти на друштвото и одлуките донесени од страна на управителот,
- Изготвува на процедури и правилници
- Доставува месечен извештај и копии од цела документација која е потребна до финансии за промени кои влијаат при изготвувањето на плата за сите друштва во рамки на групацијата,
- Изготвува потврди за работен однос, висина на плата и други документи согласно личните потреби на вработените,
- Го застапува друштвото пред надлежните инспекции поврзани со делот на човечки ресурси.
Потребни квалификации:
- Високо образование ВСС
- Најмалку 2 години работно искуство во областа на Човечки ресурси
- Задожително познавање на закони поврзани со областа
- Високо ниво на одговорност и професионализам, доверливост и дискреција;
- Способност за самостојна и тимска работа
- Напредно познавање на MS Office (word, excel, power point), Internet
Нудиме:
- Одлична работна атмосфера;
- Бонус за секоја препорака на пријател за вработување
- Платено колективно осигурување од незгода
- Навремена исплата на плата, додатоци на плата и К-15
- Плата по договор;
Искористете ја можноста да бидете дел од нашиот тим, испратете ни го вашето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: “Раководител на Сектор за човечки ресурси”.
Само кандидатите кои ќе влезат во најтесниот круг ќе бидат контактирани од страна на претставнци на нашата компанија.
Веб сајт:
www.print.mk
www.polyesterday.com.mk
Слични огласи »