
За компанијата:
Групацијата PRIMA е најнапреден систем кој произведува и продава мебел во регионот. Во Република Хрватска, нашиот малопродажен ланец на салони за мебел вбројува 59 продажни места, додекa во Северна... повеќе за компанијата »
(преземи го огласот како слика)

Менаџер за логистика
Локација: Скопје
Твоите работни обврски вклучуваат:
- Раководење со логистика (дневен распоред, распоред за припрема на роба/истовар, контролирање и запримување на роба, складиштење, припрема на роба за излог, припрема на роба за купувачи, припрема на роба за поврат и рекламации во магацин);
- Организирање на процесот на испорака на роба (комуникација со купувачи за договорање соодветен термин за достава на робата, организирање на доставата и доставувачите согласно адресата за достава, организирање на личното превземање на робата од страна на купувачот, затворање доставници во Microsoft Dynamics NAV);
- Следење на годишниот буџет на продажба (делот на достава и монтажа, планирање на потребен број на вработени, возила, алат и капацитет на магацински простор);
- Следење и реализација на целта за достава, монтажа и решавање на рекламации;
- Водење на тим;
- Градење на успешен тим;
- Пренесување на корпоративните вредности на членовите на тимот;
- Водење на тимот кон активна вклученост при извршување на работните обврски во магацинот, доставата и монтажата како и нивен личен развој;
- Советување на членовите на тимот во насока на оперативен напредок;
- Организација на работните обврски на тимот (план за вработување, распоред на работното време);
- Формирање на план за тимски и поединечен развој;
- Градење на однос со купувачите по телефонски пат, при превземање на робата во продажен салон и при достава на робата до домот на купувачот.
Твојот профил треба да биде:
- Имаш позитивен став и енергија;
- Флексибилен си и спремен за учење;
- Спремен си за работа во динамична средина и работа под притисок;
- Насочен си кон тимска работа;
- Поседуваш минимум 3 години работно искуство на иста или слична позиција;
- Поседуваш возачка дозвола Б-категорија.
Нудиме:
- Едукација и опкружување кое го подигнува твојот личен и професионален развој;
- Работа во динамична средина;
- Предизвикувачки и разновидни задачи;
- Наградување и пратење на процесот на развој на компетеност и личен учинок;
Цел е да дадеш најдобро од себе, биди таков како што си. Оствари се себеси, исполни и препознај ги своите вредности и примени ги во секојдневниот живот и работа. Ако си задоволен со својата работа, ќе бидеш задоволен и со животот. Тука сме да ти помогнеме на твојот пат кон успехот и остварување на целите. Твојот успех е и наш успех. Од ден до ден, ќе следиме, мотивираме, наградуваме и веруваме во тебе. Ти ја даваме подршката и довербата. Те цениме и разбираме. Се што работиш е важно.
Доколку сакате да станете дел од професионалниот и креативен тим кој што секогаш е инспириран и мотивиран при осмислувањето на решенија за целосно опремување на домот со фокус на желбите и потребите на купувачите Вашата Професионална Биографија (CV) може да ја доставите на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака Менаџер за логистика.
Слични огласи »