Асистент за продажба

За компанијата:

Прима Оптика е основана во 1999 година. Денес, достапна на 5 локации во Скопје: Сити Мол, East Gate Mall, Беверли Хилс, ГТЦ и ТЦ. Лептокарија. Професионален тим и задоволни клиенти се наша примарна цел повеќе од 21 година.

повеќе за компанијата »

Поради проширување на работните активности, Прима Оптика има потреба од зголемување на продажниот тим со амбициозни луѓе подготвени за долгорочен ангажман. Бараниот профил се кандидати со возраст од над 30 години, минимум 3 години работно искуство во продажба и имаат активно познавање од работа со клиенти, каса и луксузни производи. Предност имаат кандидати кои имаат завршено оптометрија и имаат познавање на стакла, контактни леќи и сончеви очила.

Одбраните кандидати добиваат почетна плата од 18.000 ден, бонуси, работа во мотивирачка средина и можност за напредок. Работните услови опфаќаат 40 работни часа неделно, работа во смени и работа за викенди и празници по потреба.

Ги повикуваме заинтересираните кандидати да ја испратат својата работна биографија со фотографија и назнака (За продажен асистент) на: [најави се за да го видиш е-маилот] .

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »