
ОГЛАС
Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за Производство, отворено е следново работно место:
Дигалкар
Опис на работно место:
- Управување со мостни и полупортални дигалки (кранови);
- Пренесување и складирање на товар со дигалките со помош на куки, магнети и клешти во погоните;
- Навремено и правилно снабдување на постројките со потребните материјали за континуирано одвивање на работните процеси;
- Грижа за правилно експлоатирање на дигалките.
Работни услови: Работа во три смени.
Потребни квалификации:
- III или IV степен на стручна подготовка;
- Со и без работно искуство;
- Способност и желба за тимска работа;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 02.06.2023 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Дигалкар и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.
Слични огласи »