Вдл Ван Хоол Македонија Дооел лого

Инженер за FEA симулации

За компанијата:

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден, контакт тел.бр. (02) 551-2851

повеќе за компанијата »

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

РАБОТНА ПОЗИЦИЈА: ИНЖЕНЕР ЗА FEA СИМУЛАЦИИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Правење пресметки со метод на конечни елементи (FEA) во доменот на еластичност, пластичност и замор на материјалот: meshes, constraints, load cases, анализа на сигурноста на пресметката, анализа на резултатите
  • Рачни пресметки на јачина како проверка на резултатите (нивниот ред по големина)
  • Изработување практични предлози и решенија во соработка со нашите конструктори
  • Известување и презентирање на предлози и решенија
  • Работа со проекти
  • Навремени известувања на главниот инженер

ПОТРЕБНО ОБРАЗОВАНИЕ, ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ:

  • Диплома од додипломски студии од областа на машинско инженерство со голем афинитет кон механика (на возила) и јакост (диплома од постдипломски студии ќе се смета за предност)
  • Солидни познавања од физика и математика
  • Поседува (академско) основно знаење на пресметки на конечни елементи
  • Подготвеност за учење на нашата методологија за пресметување (искуство со FEA пресметки на механички конструкции ќе се смета за предност)
  • Прецизно и внимателно работење
  • Комуникативен и тимски играч
  • Способен да комуницира на англиски (пишување, зборување, разбирање).

ШТО НУДИМЕ:

  • Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Разновидна средина на развој во која се претставени најразните инженерски дисциплини
  • Допир со напредна автомобилска технологија која што е управувана од брзото еволуирање на пазарот и сопствениот развој
  • Проекти поврзани со јавен транспорт, e-mobility...
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
  • Безбедна и здрава работна околина со заштита според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа во таква средина
  • Можност за мултинационално-препознаено професионално континуирано усовршување кај еден од најреномираните производители на автобуси

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на https://www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.

Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

 

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · забава · hr вести · hr совети · блог
барај огласи за вработување »