
За компанијата: Ние сме модерна, иновативна, општествено-одговорна компанија која секојдневно се надградува и усовршува како сигурен, проверен и потврден партнер во трговијата на големо со фармацевтски производи во Република...
повеќе за компанијата »Се бара Дипломиран фармацевт или фармацевстки техничар за работа во аптека со положен стручен испит.
Фармацевтската компанија ЕУРО-ФАРМ е основана во средината на 2000-та година, кога во Скопје е отворена првата аптека од ланецот аптеки ЕУРО-ФАРМ. Од тогаш до денес евидентен е постојан подем во развојот и унапредувањето на компанијата. Денес Еуро-фарм е компанија во чии склоп влегуваат 87 аптеки ширум Македонија и веледрогерија која е високорангирана според прометот со лекови на територијата на Р.Македонија. Бројот на вработени исто така е во постојан пораст. Во нашата компанија моментално се вработени 320 лица од најразличен профил (180 од нив се дипломирани фармацевти а останатите се фармацевтски техничари и друг технички персонал).
Активно сме вклучени и во подршка на научните и културните настани во Р.Македонија преку подршка на социо-хуманитарни акции и институции.
Во моментов имаме потреба од проширување на својот тим, на позиција:
Фармацевт или фармацевски техничар
Потребни квалификации:
- ВСС - Фармацевт
- ССС – Фармацевтски техничар
- Претходно работно искуство во аптека ќе се смета како предност
- Работа со компјутери и одлично познавање на MS Office
Посакувани карактеристики:
- Развиени комуникациски вештини
- Стручност и елоквентост
- Организирана и одговорна личност
- Флексибилност за соработка со широк профил на луѓе
- Професионалионален и љубезен однос кон клиентите, развивање и одржување на добри односи
- Позитивен став
Доколку сакате да станете дел од тимот на врвни професионалци,
Ве покануваме да аплицирате.
Сите заинтересирани кандидати нека ги достават своите CVа на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака "За работа во аптека".
Слични огласи »