
За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти...
повеќе за компанијата »
Вивакс е македонска компанија која постои 30 години и брои повеќе од 110 вработени. Постојаното вложување во модернизација на производствените процеси, ја прават една од најуспешните компании на Балканот, во полето на производство на овошни сокови.
Секој напредок и достигнат успех на компанијата е резултат на успешното функционирање на целиот тим, желбата за заедничка работа и позитивната енергија.
Искористете ја можноста за кариера во Вивакс и аплицирајте за позицијата:
РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО – ПАКУВАЧИ
Одговорности и задачи:
- Работи на производни линии за припрема и полнење на сокови.
Потребни квалификации:
- Минимум ССС.
- Со или без работно искуство.
Од кандидатот очекуваме:
- Способност за работа во тим.
- Самоиницијативност, исполнителност и чесност.
- Организираност и одговорност.
- Способност за извршување на работни задачи, врзани со рокови.
- Ефективна вербална комуникација.
Ви нудиме:
- Mесечна плата за првиот месец на работа (со можност на зголемување на платата од вториот месец на работа) во висина од 26.000 – 30.000 денари (во зависност од предходното работно искуство на кандидатот на иста или слична позиција и додатоците на плата по основ на: минат труд, ноќен труд, прекувремена работа и други, согласно законските прописи)
- Исплата на регрес за годишен одмор;
- Можност за напредување во работата и награди за работна успешност и посветено извршување на работните задачи;
- Обезбеден оброк;
- Работа во пријатна и позитивна атмосфера.
Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци и мотивационо писмо на e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака “РАБОТНИК ВО ПРОИЗВОДСТВО“.
Конкурсот е отворен 10 работни дена од неговото објавување (од 27.06.2024 до 10.07.2024).
Напомена:
- Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.
- Апликациите без назнака за позицијата на која аплицира кандидатот, НЕМА да бидат разгледани!
Слични огласи »