
За компанијата: Почетоците на ДОО Цермат од Битола датираат од 1995 година кога е основана како фирма во приватна сопственост за производство на сладолед. Како современа европска компанија ги следи светските трендови со постојано усовршување во уметноста наречена сладолед.
повеќе за компанијата »Цермат ДОО со седиште во Битола, има потреба од ангажирање на лице за работна позиција „Градинар - одржување на дворно место“.
Начин на аплицирање:
Испратете ваша биографија (CV) со слика и контакт телефон на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: Градинар - одржување на дворно место или пополнете апликација лично во просториите на фабриката.
Опис на работни задачи:
- Одржување на хигиена во дворното место, што вклучува отстранување на отпадоци, миење и метење на истото,
- Одржување на тревниците и зеленилото околу фабриката (навремено наводнување на цела површина, косење на тревата и сл)
- Останати обврски по налог на претпоставено лице од делокругот на работење.
Личен профил:
- Вредна, одговорна, доверлива личност;
- Позитивен и енергичен пристап кон работата;
- Високо ниво на точност и педантност.
Слични огласи »