За компанијата: ДИВАЈН е full-service компанија посветена на создавање моќни решенија ориентирани кон иднината кои инспирираат со својата единственост.
повеќе за компанијата »Маркетинг агенцијата ДИВАЈН – 25 годишен лидер во организирање на промотивни активности и настани, има потреба од проширување на својот ПРОМОТИВЕН ТИМ со амбициозни, одговорни и проактивни ПРОМОТЕРИ И ПРОМОТЕРКИ за реализација на промоции и настани во Тетово, Гостивар, Кичево, Кавадарци, Велес, Струмица, Штип, Кочани и Свети Николе.
Доколку имате над 18 години живеете во погоренаведените градови, подготвени сте за патувања во околните градови, имате одлични комуникациски вештини, одговорни сте, сакате да ги унапредите вашите продажни и организаторски вештини, сакате да се забавувате и да заработите, тогаш не пропуштајте ја можноста да станете дел од промотивниот тим на нашата агенција. Поминете го времето во забава, работејќи хонорарно на промоции за познати интернационални брендови..
Заинтересираните кандидати, потребно е да достават апликација (CV) со свои лични податоци и скорешна фотографија на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 25.10.2018
Ќе бидат контактирани кандидатите кои ги исполнуваат наведените квалификации.
Борис Трајковски 316, 1000 Скопје
WWW.DIVAJN.COM | T: +389 2 2785904 | 2785908

Слични огласи »