
ОГЛАС
Обезбедено приватно здравствено осигурување и напредок во кариерата согласно личните постигнувања, месечни и квартални бонуси за безбедно и одговорно работење, исплата на максимален износ на регрес за годишен одмор, обезбедена стабилна и сигурна работа со почитување на сите законски одредби. Ова се само дел од поволностите кои ги нудиме.
Нашата компанија, Макстил АД Скопје (www.makstil.com) е дел до глобална групација, со долгогодишна традиција и репутација на светскиот пазар во металопреработувачката индустрија. Ова ни овозможува да нудиме најдобри услови за работа на нашите вработени.
Во моментов, во рамки на нашиот тим за Одржување, отворено е следново работно место:
ЕЛЕКТРИЧАР
Опис на работно место:
- Извршување на активности од електро проблематиката како: шемирање на сите видови на ормари, изработка на електро инсталации, каблирање и поврзување на опрема, сервисирање на електрични склопови, вклучување и исклучување на електрични напојувања од трафостаници, чистење на високонапонска опрема и други слични активности;
- Контрола, дефектажа и отстранување на причината за дефектот на постројките и опремата;
- Грижа за исправноста на опремата и нејзина коректна работа во процесот на работа, како и правилно ракување со алатот.
Работни услови: Работа во три смени, повремена работа на височина.
Потребни квалификации:
- IV степен стручна подготовка, електротехничар-енергетичар, или III степен стручна подготовка – електро механичар (инсталатер);
- Со и без работно искуство;
- Способност и желба за тимска работа;
- Флексибилност, адаптибилност и способност за работа во динамично опкружување;
- Самоиницијативност и посветеност.
Доколку сакате да станете дел од нашиот тим и имате искрена желба за учење на нови работи, испратете ја вашата кратка биографија по електронски пат на [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака за работното место за кое аплицирате, најдоцна до 02.06.2023 година.
Макстил АД Скопје обезбедува еднакви можности за вработување на сите кандидати и води посебна грижа за заштитата на лични податоци и за доверливоста на Вашата апликација.
Согласно Законот за заштита на лични податоци вашата апликација и податоците ќе се користат исклучиво за потребите за вработување за работното место Електричар и ќе бидат избришани од нашата дата база во рок од 5 дена по склучување на договор за вработување со избраниот кандидат.
Слични огласи »