
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »(преземи го огласот како PDF)
Електродистрибуција ДООЕЛ е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Република Македонија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
КАРИЕРА ВО ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА
За потребите на Одделот Информатички и телекомуникациски технологии, бараме:
ORACLE DATABASE ADMINISTRATOR (М/Ж)
Работни задачи:
- Проектирање, кодирање, тестирање и поддршка на најновата генерација решенија - бази на податоци: Oracle 10g, 11g и 12c
- Одговорен за безбедносните аспекти на базите на податоци, превенцијата од загуба на податоци (Data Security, Backup & Recovery)
- Конфигурирање на backup за Oracle бази (RMAN и datapump)
- Администрација на Standby/Failover (Oracle Data Guard) Oracle RAC & ASM инсталација и администрација
- Познавање на миграциски техники за Oracle Искуство со Oracle middleware (апликациски сервери)
- Остварување постапки за враќање на податоци (restore), имплементација на recovery процедури и редовен backup на системите.
Потребни компетенции
- Завршено Високо образование VII/1 степен – Информатички системи
- 5+ години искуство со администрирање на бази на податоци
- Напредно познавање на Oracle производи и технологии
- Напредни познавање на оперативните системи Windows и Linux
- Познавање на Microsoft SQL Server
- Одлична интерна и екстерна комуникација со клиенти
- Висока организираност и насоченост кон детали
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо на [најави се за да го видиш е-маилот]
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
Електродистрибуција е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Слични огласи »