За нас
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
КАРИЕРА ВО ЕВН
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Ѓорче Петров - Скопје, Група 1, бараме:
ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР - СПЕЦИЈАЛИСТ (М/Ж)
Работни задачи:
- Обработка на барања и поплаки од корисниците,
- Планирање и проектирање на електроенергетски објекти,
- Контрола и надзор на изградба/пуштање во работа на електро-енергетски објекти и приклучоци на корисниците,
- Прием, обработка, чување и средување на документација,
- Контрола на приклучоци и мерни места.
Потребни квалификации:
- Електро-технички факултет - Енергетика,
- Познавање и користење на MS Office,
- Познавање на англиски јазик ќе се смета како предност,
- Способност за работа во рокови,
- Возачка дозвола,
- Исполнителност и одговорност,
- Флексибилност,
- Тимска работа.
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 23.04.2018.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!