
За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата.
ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни...
повеќе за компанијата »За нас
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени.
За потребите на Корисничкиот Енерго Центар Струга, Група 3 - Одржување, бараме:
ЕЛЕКТРО ИНЖЕНЕР (СПЕЦИЈАЛИСТ) ВО СТРУГА
Опис на работните задачи
- Изградба, инспекција и одржување на електро-енергетските објекти,
- Контрола и надзор на изведба на електро-енергетските објекти,
- Планирање и проектирање,
- Отстранување на дефекти во и надвор од работно време,
- Работа со корисници,
- Прием, обработка, чување, ажурирање, средување на документација,
- Доставување на податоци за ажурирање на параметрите на мрежата во специјалните софтвери кои се однесуваат на дејноста,
- Контрола на приклучоци и мерни места,
- Поддршка при обработка на одговори за претставки, барања, предлози,
- Поддршка на други групи и друг КЕЦ по потреба.
Потребни квалификации и лични карактеристики
- Електро-технички факултет - Енергетика,
- Kомпјутерски познавања, возачка дозвола,
- Познавање на англиски јазик, познавање германски јазик се смета за предност,
- Одговорност, лојалност, тимска работа,
- Комуникативност, флексибилност.
Испратете ја Вашата куса биографија и мотивационо писмо [најави се за да го видиш е-маилот] , или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 26.12.2018.
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување.
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.
Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!
ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси и организација www.evn.mk, [најави се за да го видиш е-маилот]
Слични огласи »