Executive Search Consulting лого

Медицински стручен соработник

За компанијата:

ESC (Executive Search Consulting) е водечка македонска компанија во областа на консултантски услуги за човечки ресурси. Нашата цел е да ги обезбедиме најдобрите приспособени решенија за вашите потреби за човечки ресурси, без оглед на времето или интензитетот на потребниот напор.

повеќе за компанијата »

Нашиот клиент е реномирана интернационална фармацевтска компанија со препознатлив бренд. Со цел зголемување на учеството на пазарот имаат потреба од проширување на својот продажен тим со позицијата:

 

МЕДИЦИНСКИ СТРУЧЕН СОРАБОТНИК

(за Rx производи)

за регионот: Тетово, Гостивар, Дебар, Кичево, Струга

 

 

Одговорности/обврски на позицијата

  • Постигнување на продажни цели на својот терен
  • Редовни контакти и посета на клиентите
  • Градење и унапредување на релациите со клиентите
  • Следење на активностите на конкуренцијата
  • Учество и поддршка на промотивните кампањи на својот терен
  • Редовно следење на продажбата на лековите и информирање за ефектите од примената на лековите
  • Ефективна администрација, вклучувајќи одржување и водење дневна евиденција и навремено процесирање на бизнис трошоците
  • Ефективна комуникација со колегите од терен и важните членови на другите тимови.

 

Профил на успешниот кандидат

  • Високо образование: фармацевтски, медицински или стоматолошки факултет
  • Работно искуство од 1 до 3 години на иста или слична позиција
  • Познавање на англискиот јазик
  • Познавањето на албанскиот јазик може да биде предност
  • Кандидатите со место на живеење во Тетово или Гостивар би имале предност
  • Познавање на пазарот на фармацевтски производи
  • Познавање на дистрибутивниот и здравствениот систем
  • Клиентски ориентирана личност со одлични комуникациски и презeнтациски вештини
  • Динамична и иницијативна личност, со желба за патување и контакти
  • Личност со интегритет, чесност, одговорност и самодисциплина

 

Компанијата нуди одлична можност за професионален развој во динамична средина за амбициозни професионалци ориентирани кон постигнување на резултати.

 

Доколку ги исполнувате условите и верувате дека сте вистинската личност за наведената работна позиција, испратете кратка биографија на англиски јазик на [најави се за да го видиш е-маилот] , најдоцна до 08.11.2017 со назнака Медицински стручен соработник.

 

Сите пријави ќе бидат третирани со строга доверливост. Избраните кандидати ќе бидат контактирани за понатамошно интервју.

 

Останати огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »