Македонијатурист АД Скопје лого

Координатор за маркетинг

Плата 60.000 ден.

За компанијата:

Македонијатурист а.д. Скопје е најголемата и најуспешната компанија во областа на хотелиерството и ресторанските услуги во Република Северна Македонија која работи успешно располагајќи со 5 (пет) хотели... повеќе за компанијата »

Активни огласи од Македонијатурист АД Скопје:

Хигиеничари - Собарки

ОГЛАС ЗА РАБОТА

Позиција: Координатор за маркетинг

Компанија: Македонијатурист АД

Локација:  Скопје, Македонија

Тип на ангажман: Полно работно време

Почетна нето плата: 60.000 денари + дополнителни бенефиции

ОПИС НА ПОЗИЦИЈАТА

Македонијатурист АД, водечка хотелска и туристичка групација во Македонија со повеќе оперативни објекти, објавува конкурс за позицијата Координатор за маркетинг.

Оваа позиција има клучна улога во градење и развој на брендот Македонијатурист АД и сите објекти во групацијата, во зголемување на видливоста, побарувачката и продажбата преку стратешки и оперативен маркетинг.

КЛУЧНИ ОДГОВОРНОСТИ

  • Изработка и имплементација на годишна маркетинг стратегија за целата групација (по бренд, хотел и сегмент).
  • Планирање и управување со маркетинг буџет
  • Креирање и координација на кампањи за сместување, гастрономија, настани, пакети и специјални понуди.
  • Управување со дигитални канали: веб-страница, социјални медиуми, e-mail маркетинг, Google и OTA присуство (во соработка со Sales and revenue тимот).
  • Креирање брифови и координација со надворешни партнери.
  • Следење и унапредување на визуелниот и вербалниот идентитет на брендот Македонијатурист АД и поединечните хотели во состав.
  • Подготовка на маркетинг материјали: брошури, презентации со следење на јасни бренд насоки.
  • Мониторинг и анализа на резултати од кампањи (reach, engagement, leads, bookings) и редовно брифирање до менаџментот на групацијата.
  • Организација и поддршка на настани, промоции, саеми и PR активности.
  • Следење на конкуренцијата и трендовите во туризмот и хотелскиот маркетинг и предлог-мерки за унапредување.

КВАЛИФИКАЦИИ И ВЕШТИНИ

  • Завршено високо образование (Маркетинг, Економија, Комуникации, Туризам и угостителство или слично).
  • Минимум 3 години работно искуство во маркетинг, предност во хотели, туризам или услужни дејности.
  • Практично искуство со: управување со социјални медиуми (Facebook, Instagram, LinkedIn, TikTok – по потреба)
  • e-mail маркетинг и newsletters
  • Дигитално рекламирање (Google Ads, Meta Ads)
  • Одлично познавање на MS Office, а предност е познавање на Canva/Adobe или слични алатки.
  • Активно познавање на англиски јазик, говорен и пишан (секој дополнителен јазик е предност).
  • Креативност, чувство за естетика и внимание на детали.
  • Организираност, способност за планирање и работа со рокови.
  • Одлични комуникациски и презентациски вештини.
  • Способност за тимска работа и координација со други оддели.

 


ШТО НУДИ МАКЕДОНИЈАТУРИСТ АД

  • Почетна нето плата: 60.000 денари, со можност за зголемување според резултатите и развојот на позицијата
  • Картичка за дневен оброк
  • Бонус систем врз основа на индивидуални и организациски перформанси
  • Програми за обука и професионален развој во рамки на групацијата
  • Попусти во хотелите на Македонијатурист АД и партнерските брендови
  • Работа во современа и професионална средина, со високи бренд стандарди
  • Можност за кариера и напредување во рамки на Македонијатурист АД

АПЛИЦИРАЈ:

Испратете Ваша биографија (CV) и мотивационо писмо на е-пошта: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Координатор за маркетинг

Рок за аплицирање: до 31.12.2025 година

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.


ЗА НАС

Македонијатурист АД е водечка хотелска и туристичка групација во Македонија, со долгогодишна традиција, современ пристап и визија за развој на хотелскиот, конгресниот и туристичкиот сектор.
Нашата мисија е да создаваме исклучителни искуства за гостите и инспиративна работна средина за нашите вработени.

 

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »